Жителите на делови од Гази Баба и Кисела Вода денеска ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија поради технички зафати во мрежата, предупредува ЕВН преку Регионалниот центар за управување со кризи.
📍 Во Општина Гази Баба:
- Од 08:30 до 09:30 часот, без струја ќе бидат улиците 3, 7, 14, делови од улица 10 и улица Маџари во село Инџиково.
- Од 09:30 до 13:30 часот, ќе бидат погодени улица Добре Ивановски и дел од улица 22 во населба Инџиково.
📍 Во Општина Кисела Вода:
- Од 08:30 до 15:30 часот, без струја ќе бидат делови од улиците Студеничанска и Драчевска.
Надлежните апелираат граѓаните однапред да се подготват за евентуални потешкотии.