ПРВ.мк
Македонија

Граѓаните „навалија“ на градскиот воз: Бројката за само три дена изненади многумина

Граѓаните „навалија“ на градскиот воз: Бројката за само три дена изненади многумина

Голем интерес кај граѓаните предизвика градскиот воз, кој за само три дена од почетокот на користењето превезе околу 1.500 патници.

Информацијата ја соопшти министерот за транспорт Александар Николоски, кој очекува интересот за овој вид превоз дополнително да расте во наредниот период.

Според неговите очекувања, бројот на патници би можел да надмине 100.000.

„За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници“, посочи Николоски.

Првичните бројки покажуваат значителен интерес за новата транспортна можност, а во следниот период ќе се види како ќе се движи бројот на граѓани кои секојдневно ќе го користат градскиот воз.