Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против управникот на одморалиштето во Охрид, С.М., поради злоупотреба на службена положба. Управникот ја покривал готвачката Ј.И., која додека била надвор од државата била лажно евидентирана како присутна на работа.
Дополнително, таа користела шестмесечно боледување без издадени лекарски документи, со што се стекнала противправна имотна корист. Со овие постапки, буџетот на МВР бил оштетен за 253.834 денари.
Против двајцата се поведени дисциплински постапки, а случајот е предаден на Основното јавно обвинителство во Охрид за понатамошно постапување.















