ПРВ.мк
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА: Апсења во неколку градови - приведени 11 лица!

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА: Апсења во неколку градови - приведени 11 лица!

Во текот на изминатото деноноќие, полициските служби на територијата на целата држава лишиле од слобода вкупно 11 лица, во координирана акција поврзана со пронајдена дрога и други нелегални материи.

Еден од случаите е регистриран на 03.06.2026 во 14:30 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, каде што полициските службеници ја лишиле од слобода Г.С.М. (53) од Сојузна Република Германија. При детална контрола на кампер возило „фолксваген“ со германски регистарски ознаки, кое го управувала, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања и кесички со бела прашкаста материја, како и марихуана. Дополнително биле откриени 82 помали пакувања тутун, 16 кутии цигари и други предмети со траги од бела прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица.

Во Скопје, исто така на 03.06.2026, на повеќе различни локации, полициски службеници од СВР Скопје привеле повеќе лица. Станува збор за К.А. (41) од село Катланово, Г.Б. (37) од Волково, Б.С. (35) од Горобинци, како и двајца 16-годишници од Скопје и село Рашче, потоа Џ.Б. (27) од Турција и Џ.Е.Б.Л.К. (19) од Канада. Кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, кафеава грутчеста материја и марихуана.

Одделен случај е регистриран во Битола, на 03.06.2026 во 01:15 часот, на улица „Партизанска“, каде што полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Ј.Т. (37) и Е.Н. (37), двајцата од градот. При преглед кај едно од лицата била пронајдена марихуана.

Во гостиварскиот регион, на 03.06.2026 во 21:30 часот во село Дебреше, ОВР Гостивар го лишила од слобода Ш.И. (21) од село Врановце, при што во негово возило и лична торба била пронајдена марихуана и пари. Нешто подоцна, во 22:15 часот, на улица „Живко Брајкоски“ во Гостивар, полицијата по претходни оперативни информации пронашла неколку пакувања марихуана во канта за отпадоци. Материјалите се подигнати за вештачење, а се работи на целосно расчистување на случајот.

По завршување на сите истражни активности, против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Најнови вести