ПРВ.мк
Македонија

ДРАМА ВО ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА ВО ЦЕНТАР: Претпоставена пријавена за агресивно однесување и закани кон две колешки!

ДРАМА ВО ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА ВО ЦЕНТАР: Претпоставена пријавена за агресивно однесување и закани кон две колешки!

Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, М.К. (49) од Скопје пријавила дека на 27.05.2026 околу 13:40 часот на нејзиното работно место во здравствена установа на подрачјето на Центар се случил инцидент со нејзина колешка, која воедно била и нејзина претпоставена.

Според пријавата, претпоставената Н.С. влегла во канцеларијата и започнала да се однесува агресивно, при што упатила закани и навреди кон М.К.

Во истиот момент, како што е наведено во полицискиот билтен, Н.С. упатила закани и навреди и кон друга вработена, А.А., која потоа била истуркана од канцеларијата. По инцидентот реагирало и обезбедувањето на здравствената установа.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најнови вести