ПРВ.мк
Македонија

Голема најава од Министерството за здравство: Следуваат уште 300 вработувања

Голема најава од Министерството за здравство: Следуваат уште 300 вработувања

Министерството за здравство најави дека до крајот на 2026 година ќе обезбеди вработување за уште 300 приватни специјализанти, со цел да се зајакне здравствениот систем и да се намали недостигот од специјалистички кадар.

Со оваа мерка се предвидува дополнителна поддршка за младите лекари, како и подобрување на кадровската состојба во јавните здравствени установи низ државата. Посебен акцент ќе биде ставен на клиниките, болниците и здравствените домови надвор од Скопје, каде што недостигот од медицински персонал е најизразен.

Од Министерството информираат дека во наредниот период повторно ќе биде објавен јавен повик преку кој приватните специјализанти ќе можат да го искажат својот интерес за вработување.

Надлежните оценуваат дека мерката треба да придонесе за задржување на младите лекари во земјата, подобра кадровска распределба и поквалитетни здравствени услуги за граѓаните.