ПРВ.мк
Македонија

Голем удар за пушачите: Се подготвува најстрогиот антипушачки закон досега – цигарите исчезнуваат и од кафулиња и од маркети

Голем удар за пушачите: Се подготвува најстрогиот антипушачки закон досега – цигарите исчезнуваат и од кафулиња и од маркети
Kristal

Македонија се подготвува за радикална промена во борбата против пушењето, откако во јавност излегоа детали од новиот, значително построг закон кој наскоро ќе оди на јавна дебата. Според нацрт-верзијата, државата воведува низа забрани кои целосно ја менуваат досегашната практика, а на удар се и класичните и електронските цигари.

Новото законско решение предвидува целосна забрана за пушење во сите затворени простори од јавен карактер, без исклучоци. Тоа значи дека пушењето ќе биде забрането во сите угостителски објекти – ресторани, барови, кафулиња, меани и кантини. Единствен исклучок ќе бидат терасите, но само доколку се целосно отворени од најмалку три страни.

Една од најконтроверзните новини е забраната за пушење во автомобил доколку во возилото има деца. Дополнително, пушењето ќе биде забрането и на автобуските и железничките станици, на пазарите и на низа други јавни простори каде досега тоа беше дозволено или толерирано.

Посебен акцент се става и на продажбата на цигари. Тутунските и никотинските производи ќе бидат целосно тргнати од видното поле на купувачите во маркетите и киосците, по примерот на неколку европски земји. Истовремено, електронските цигари и вејповите целосно се изедначуваат со обичните цигари и за нив ќе важат истите забрани.

Според официјалните податоци на институциите, околу 45 проценти од возрасната популација во Македонија пуши, а половина од нив консумираат повеќе од една кутија дневно – бројка која, според предлагачите, ја оправдува драстичната интервенција.

Доколку законот биде усвоен во предложената форма, Македонија ќе добие еден од најрестриктивните антипушачки режими во регионот, што веќе отвора жестока јавна дебата.

FixCredit
Escape