ПРВ.мк
Македонија

ПОЛИТИЧКА ДРАМА: Жестоки критики кон Филипче – дали го гледаме Дубаи сценариото?

ПОЛИТИЧКА ДРАМА: Жестоки критики кон Филипче – дали го гледаме Дубаи сценариото?
Kristal

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по неговиот последен брифинг. Од партијата на Максим Димитриевски оценуваат дека во СДСМ владее „параноја“, предизвикана од масовниот одлив на членството кон нивните редови.

Според соопштението, Филипче, наместо конструктивно да делува како опозиција, користи „вулгарен и уличен вокабулар“, што, како што тврди ЗНАМ, само ги оддалечува граѓаните од Бихаќка.

„Историски трансфер“ на членови Од ЗНАМ тврдат дека разочараните социјалдемократи, кои бараат државнички пристап, масовно преминуваат во нивните редови. „Токму поради овој трансфер и растечкото разочарување, Филипче и раководството на СДСМ се во параноја, обидувајќи се да го одржат партискиот штит и личната фотелја“, се наведува во соопштението.

„Златни визи“ и нерешени афери Партијата го прозва Филипче за неговите мотиви, поставувајќи прашање дали неговото однесување е подготовка за заминување во Дубаи со „златни визи“, каде личните интереси би биле пред државните.

ЗНАМ потсети на неколку нерешени скандали од времето кога Филипче беше министер:

  • Провизиите од модуларните болници;
  • Тендерите за јаглен и набавката на вакцини по двојно повисоки цени;
  • Трагедијата во Тетово, каде живи изгореа 14 лица.

„Филипче мора да излезе од мафијашкиот филм и од обвинувањата за ’српскиот свет‘“, порачуваат од ЗНАМ.

Одбивање на лидерска средба ЗНАМ го критикува Филипче и за одбивањето да учествува на лидерска средба посветена на реформите во правосудството и ЕУ агендата. Партијата потсетува дека кога СДСМ беше на власт, клучните одлуки како Преспанскиот договор и Францускиот предлог се носеле „зад затворени врати, без почит кон граѓаните“.

Во заклучокот, ЗНАМ тврди дека актуелната Влада ја води државата транспарентно, без ниту еден корупциски скандал, за разлика од претходното владеење кое го одбележаа имињата на Рашковски, Зеќири и Груби.

FixCredit
Escape