ПРВ.мк
Македонија

Голем духовен настан во Кавадарци: осветен новиот конак при црквата „Света Петка“

Голем духовен настан во Кавадарци: осветен новиот конак при црквата „Света Петка“

Во Кавадарци се одржа свечено осветување на новиот конак при црквата „Света Петка“, значаен духовен и црковен објект кој ќе биде во служба на верниците и црковната заедница.

Чинот на осветување го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, други архиереи на САС на МПЦ-ОА, како и бројно свештенство од Повардарската епархија.

Новоизградениот конак е реализиран со средства на Повардарската епархија, како и со прилози од жителите на Кавадарци. Во објектот се наоѓа параклис посветен на светиот архиепископ Мирликиски Никола, чиј ктитор е градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Покрај параклисот, конакот располага и со библиотека, канцеларии, приемни простории, трпезарија, кујна и други помошни простории, со што добива широка духовна, културна и заедничка функција.

Со осветувањето на овој конак, Кавадарци добива уште еден значаен простор кој ќе придонесе за збогатување на црковниот живот и зачувување на духовните вредности во градот.