ПРВ.мк
Македонија

ЗАВРШИ ТОЛЕРАНЦИЈАТА! Казни за родители на ученици насилници

ЗАВРШИ ТОЛЕРАНЦИЈАТА! Казни за родители на ученици насилници

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, потврди дека се подготвуваат законски измени со кои ќе се воведат парични казни за родителите на насилни ученици. Целта е да се стави крај на алармантниот тренд на врсничко насилство во училиштата и да се зголеми одговорноста на семејствата.

Според најавите, глобата ќе изнесува 250 евра за секое сторено насилно дело од страна на ученикот, но и за родителите кои ќе одбијат да соработуваат со училиштето и институциите. Јаневска нагласи дека одлуката е веќе донесена, а деталите околу законските решенија се финализираат.

„Идејата е родителите поактивно да се вклучат во воспитниот процес на своите деца,“ изјави министерката, додавајќи дека државниот секретар е во постојан контакт со пратениците за да се обезбеди брза имплементација.

Оваа реакција доаѓа по серија немили настани кои ја вознемирија јавноста, а последен аларм беше инцидентот во основно училиште во населбата Ченто, каде 15-годишен ученик беше нападнат со остар предмет.

Со новите мерки, институциите се надеваат дека ќе се создаде побезбедна училишна средина и дека родителите ќе станат активни партнери во спречувањето на насилството.