ПРВ.мк
Македонија

(Фото) Еве како изгледа државното знаме на Попова Шапка!

(Фото) Еве како изгледа државното знаме на Попова Шапка!
Kristal

На Попова Шапка, очигледно, се води бизнис и се брка профит, но основните институционални обврски и почитта кон државата се занемарени. Македонското знаме, кое треба да биде достоинствено и исправно истакнато, е оставено да се оштети од времето и е цел на негрижа.

Експертите истакнуваат дека државните симболи не се декоративен елемент или приватна сопственост, туку обврска и законска должност. Управувачите на јавни институции и јавни простори мора да покажуваат основна почит кон државата. Непочитувањето на знамето не е случаен пропуст – тоа испраќа порака и остава впечаток за ставот на институцијата кон државата и граѓаните.

Случајот со Попова Шапка ги отвора прашањата за одговорноста на јавните претпријатија и потребата од строга контрола и почитување на законските норми, особено кога станува збор за јавен простор и национални симболи.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo