ПРВ.мк
Македонија

Од 31 Јануари нов начин на плаќање во автобусите во Скопје!

Од 31 Јануари нов начин на плаќање во автобусите во Скопје!
Kristal

Од крајот на ануари, ноќниот јавен превоз во Скопје ќе функционира со изменет начин на плаќање. ЈСП–Скопје соопшти дека од сабота на полноќ, 31 јануари кон 1 февруари 2026 година, повеќе нема да може да се купува билет за едно возење преку СМС-порака на бројот 185 за ноќните линии.

Според важечката Одлука за Интегриран тарифен систем, сите бесплатни, месечни, тримесечни, шестмесечни и годишни билети важат за градските и приградските линии само во периодот од 05:00 до 24:00 часот. Овие билети, како и досега, не можат да се користат во ноќниот јавен превоз.

Од 00:00 до 05:00 часот, патниците ќе можат да се возат исклучиво со ноќен билет за едно возење, кој чини 50 денари. Билетот ќе може да се купи директно во автобусот кај возачот или да се плати преку електронски паричник со валидирање на уредот во возилото.

Од ЈСП апелираат граѓаните навремено да се информираат за измените, со цел да се избегнат недоразбирања при користењето на ноќните линии.

Новите правила стапуваат на сила веднаш и ќе важат за сите ноќни автобуски линии на територијата на град Скопје.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo