ПРВ.мк
Македонија

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ИЗЛАЖА: Туристи патуваа со часови по „термални извори“ што не постојат!

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ИЗЛАЖА:  Туристи патуваа со часови по „термални извори“ што не постојат!
Kristal

Необичен туристички хаос се случи во Тасманија, откако вештачката интелигенција „измисли“ атракција што во реалноста никогаш не постоела. Австралиската туристичка агенција „Тасманија Турс“ се најде под жестоки критики поради објава на текст генериран од АИ, во кој се промовираа идилични термални извори што, на терен – не постојат.

Во спорната статија, топлите извори Велдборо беа опишани како мирно природно засолниште, омилено меѓу планинарите и љубителите на природата. Описот беше толку убедлив што туристи почнаа да пристигнуваат на оддалечената локација, само за да откријат дека таму ги чека ледено студена река, а не релаксирачки топли базени.

Сопственикот на агенцијата, Скот Хенеси, јавно призна дека станува збор за сериозна грешка и дека содржината била креирана од надворешен тим додека тој бил надвор од земјата. „Вештачката интелигенција целосно згреши“, изјави тој за локалните медиуми.

Локалните жители брзо ги почувствуваа последиците. Хотелиерката Кристи Проберт откри дека првично мислела оти станува збор за случајност, но набрзо бројот на збунети посетители драстично се зголемил. „Реката е мраз ладна, а тука најчесто доаѓаат трагачи по сафири и калај“, објасни таа.

Професорката по туризам Ан Харди предупреди дека иако АИ може да биде корисна алатка, често создава неточни информации. Истражувањата покажуваат дека дури 90% од патувањата планирани со помош на вештачка интелигенција содржат грешки.

И покрај сè, локалците велат – Велдборо е интересно место, само не и за термални извори.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo