Во Неготино, на улица „Даме Груев“, дошло до физичка пресметка меѓу група жени, при што 31-годишната Д.Б. се здобила со повреди и била хоспитализирана.
Полицијата од ОВР – Неготино привела три лица: 34-годишната Б.Џ., 26-годишната С.К. и 31-годишната С.Д., сите од Неготино, кои биле вмешани во нарушувањето на јавниот ред и мир.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти СВР Велес.
















