ПРВ.мк
Свет

„Што крие пораката на Зеленски? Украина ја откри вистинската цел зад преговорите со ЕУ“

„Што крие пораката на Зеленски? Украина ја откри вистинската цел зад преговорите со ЕУ“
Kristal

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на денешниот самит за проширување на Европската Унија испрати недвосмислена порака – Украина ќе се согласи само на полноправно членство во ЕУ, а не на никакви привремени или ограничени форми на интеграција.

„Ако зборуваме за членство во ЕУ, тоа мора да биде полноправно. Ми се чини дека е многу важно да имаме еднакви земји на иста маса“, изјави Зеленски, нагласувајќи дека Украина заслужува место меѓу рамноправните членки на Унијата.

Тој посочи дека вредностите се суштината на европскиот идентитет и дека само земји кои ги делат тие принципи можат да бидат дел од европското семејство.

„Важно е сите членки да делат слични вредности. Не можете да бидете полу-или делумен член на Европската Унија, тоа едноставно не е можно,“ додаде украинскиот претседател.

Со оваа изјава, Зеленски уште еднаш потсети дека Украина не бара компромиси кога станува збор за нејзиниот европски пат и целосната интеграција во Европската Унија.

Escape