ПРВ.мк
Македонија

Финансиски земјотрес во УЈП: Осум лица завршија во 30-дневен притвор – еве за колку пари е оштетена државата!

Финансиски земјотрес во УЈП: Осум лица завршија во 30-дневен притвор – еве за колку пари е оштетена државата!
Kristal

Судот одреди триесетдневен притвор за осум лица поврзани со големата истрага за финансиски криминал во Управата за јавни приходи, со која, според надлежните, државниот буџет бил оштетен за околу 4,8 милиони евра. Одлуката е донесена по завршениот распит и разгледување на доказите, при што судот утврдил опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност делото да биде повторено.

Акцијата беше спроведена под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, со вклученост на истражители и поддршка од МВР. Во текот на претресите на 16 локации низ државата, биле пронајдени и одземени фиктивни документи, готовина, оружје и фалсификувани печати, а осомничените биле приведени.

Истражните органи соопштија дека предметот опфаќа вкупно 20 лица, кои преку организирана шема нанеле штета на државата од речиси 298 милиони денари. Според наводите, првоосомничениот – странски државјанин и сопственик на повеќе фирми – заедно со службеници од УЈП, уште од 2023 година организирал група за даночно затајување, измами и перење пари.

Со лажни даночни пријави, неосновано барање поврат на данок и злоупотреба на службената положба, биле извлечени десетици милиони денари, додека дел од средствата биле префрлани и подигнувани со цел прикривање на нивното потекло.

За останатите осомничени, обвинителството побара мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана за вршење службени должности во УЈП.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo