ПРВ.мк
Македонија

Лажна сообраќајка ја остави без заштеда: Пензионерка измамена со над 2.000 евра и долари

Лажна сообраќајка ја остави без заштеда: Пензионерка измамена со над 2.000 евра и долари

Нова измама ја потресе Битола. На 25 август 2025 година, 88-годишна жена пријавила во СВР Битола дека станала жртва на класичен телефонски трик, при што изгубила 1.000 американски долари, дополнителна сума во евра и 20.000 денари.

Според сведочењето, наивната жена била контактирана од лице кое се претставило со вознемирувачка приказна. Лажниот повикувач ѝ кажал дека нејзиниот син и неговата сопруга предизвикале тешка сообраќајна несреќа во која, наводно, билo прегазено осумгодишно дете. Дополнително, ѝ било речено дека нејзиниот син и снаа имаат сериозни повреди и дека единствениот начин случајот да не заврши во полиција е да плати голема сума на пари.

Преплашена и збунета, 88-годишната битолчанка ги собра сите пари што ги имала дома и, според упатствата на измамникот, ги фрлила од својот балкон на лице кое ја чекало надвор од куќата. Дури подоцна сфатила дека сето тоа било измама и дека останала без заштеда.

Ова не е прв ваков случај во Битола и регионот. Полицијата веќе предупредуваше на слични обиди за измами каде повикувачите користат сценарија со лажни несреќи, болници или наводни полициски постапки, со цел да извлечат пари од постари и доверливи лица.

СВР Битола презема мерки за откривање на сторителите и апелира до граѓаните да бидат крајно внимателни и да не подлегнуваат на вакви телефонски повици. Секое сомнително јавување треба веднаш да се пријави во полиција за да се спречат нови жртви.

Escape