Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека администрацијата во Вашингтон планира во наредните денови да го промени името на Министерството за одбрана во Министерство за војна, со цел Пентагон да го врати „воинствениот етос“.
Трамп потсети дека официјалното име по Втората светска војна било Министерство за војна, а тој често ја критикуваше промената на името во Министерство за одбрана. „Кога ја добивме Првата светска војна, Втората светска војна, се викаше Министерство за војна. И за мене, тоа е навистина тоа што е“, рече Трамп на прес-конференција со јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг.
Историјата покажува дека Министерство за војна постоело од 1789 до 1947 година, кога тогашната администрација го поделила на оддели за Армијата и Воздухопловните сили, кои биле споени со независната морнарица, создавајќи го Министерството за одбрана.
Промената на името имаше за цел да ја центализира властaта над сите воени гранки, но Трамп верува дека враќањето на поранешното име ќе ја зајакне улогата на Пентагон и ќе го врати фокусот на офанзивните и одбранбени задачи. Тој исто така го нарече министерот за одбрана Пит Хегсет „министер за војна“ на НАТО самитот во јуни, истакнувајќи ја важноста на оваа промена.