ПРВ.мк
Македонија

СКАНДАЛ ВО СТРУМИЦА: Фирма земала над 20 милиони денари субвенции без да обработува земјиште - еве каква казна ги следува сопствениците!

СКАНДАЛ ВО СТРУМИЦА: Фирма земала над 20 милиони денари субвенции без да обработува земјиште - еве каква казна ги следува сопствениците!
Kristal

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 истакна дека секоја злоупотреба на државното земјоделско земјиште и стоковите резерви мора да биде санкционирана, а виновниците да одговараат пред законот.

– Изминатава година и половина, покрај враќањето на македонското земјоделство во нормала, работиме на откривање на злоупотреби што се случувале во минатото. За мојот ресор поднесов повеќе од шест кривични пријави против поранешни функционери во Министерството – рече министерот.

Тој даде конкретни примери за злоупотреби: една фирма од Струмица добила над 19 договори за земјоделско земјиште, дел од него не го обработувала, го давала под закуп на трети лица и примала субвенции над 20 милиони денари, иако не ги исполнила инвестициите од над два и пол милиони евра. Друг пример бил субјект кој имал раскинат договор со Министерството, но владението не му било одземено и продолжил да користи субвенции на кои немал право.

Министерот истакна дека истрагата за злоупотребите на стоковите резерви, каде биле отпишани над 1.500 тони пченица и 500 тони јачмен, исто така мора да утврди одговорност и евентуална штета за државниот буџет.

– Никој не смее да се поставува над Законот. Очекувам Јавното обвинителство да отвори постапки и да утврди одговорност за сите случаи што ги поднесов – нагласи Трипуновски.

Министерот додаде дека стоковите резерви се клучен државен интерес и дека владата веќе презела мерки тие да се полнат со домашно произведена пченица, наместо со увезена, за да се обезбеди сигурност и контрола над ресурсите.

FixCredit
Atensa 300
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape