Спиењето е основа за добро здравје уште од најрана возраст. Тоа ни помага да се подготвиме за новиот ден, да се опоравиме од стрес и да ја зачуваме и менталната и физичката енергија. Недостатокот на сон, пак, е поврзан со низа сериозни здравствени ризици.
Колку сон ни е потребен?
- Возрасните треба да спијат седум до девет часа секоја ноќ.
- Децата, тинејџерите и бебињата имаат потреба од повеќе сон поради растот и развојот – кај новороденчињата тоа може да достигне и до 16 часа дневно.
Според Националната здравствена служба на Велика Британија, постојат шест главни симптоми кои укажуваат на проблеми со спиењето:
- Тешкотии при заспивање
- Будење неколку пати во текот на ноќта
- Прерано будење
- Лошо расположение
- Слаба концентрација
- Раздразливост
Причините можат да бидат различни: користење телефон навечер, прекумерен внес на кофеин, апнеја при спиење, несоница, синдром на немирни нозе, чкртање со заби, дијабетес, анксиозност или депресија.
Што се случува кога не спиеме доволно?
- Недостатокот на сон силно влијае врз мозокот: го нарушува меморијата, регулирањето на емоциите, вниманието и брзината на обработка на информации.
- Спиењето е клучно за формирање и зајакнување на мемориите.
- Недоволниот сон го нарушува процесот на исфрлање токсични материи од мозокот, што може да се поврзе со развој на Алцхајмерова болест и зголемен ризик од когнитивно пропаѓање и деменција.
- Лицата кои не спијат доволно почесто се соочуваат со анксиозност и депресија, додека физичките последици можат да вклучуваат висок крвен притисок и зголемен холестерол.
Редовниот сон е фундаментален за здравје, ментална стабилност и квалитет на животот, па затоа е важно да се посветиме на здрави навики за спиење.

















