ПРВ.мк
Македонија

Пожарот кај Јосифово се шири многу брзо кон населено место, ангажиран хеликоптер за гаснење

Пожарот кај Јосифово се шири многу брзо кон населено место, ангажиран хеликоптер за гаснење
Escape

Денеска во атарот на валандовското село Јосифово избувна пожар. Центарот за управување со кризи информира дека гори сува трева, а поради силниот ветер и високите температури, огнот брзо се шири кон населеното место.

На терен интервенираат пожарникари од Валандово и Гевгелија. Според информациите на ЦУК, на терен се седум пожарникари со четири возила од ТППЕ Валандово и тројца пожарникари со едно возило од Гевгелија.

По барање на градоначалникот, преку бројот за итни повици 112, побарана е воздухопловна поддршка и дополнителни тимови за справување со пожарот.

– Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш испрати барање до Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Секторот за специјални задачи (СИКС) при МВР за ангажирање на хеликоптер за гаснење од воздух. Хеликоптерот на МВР веќе е во воздух и се движи кон местото на пожарот, се наведува во информацијата од ЦУК.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo