ПРВ.мк
Македонија

Еве кога официјално завршува летното сметање на времето во Македонија

Еве кога официјално завршува летното сметање на времето во Македонија

Во недела, на 26 октомври 2025 година, во 03:00 часот по полноќ, стрелките на часовникот ќе се вратат еден час наназад, односно времето ќе се смета како 02:00 часот. Со ова, Македонија официјално се враќа на зимското сметање на времето, што значи дека граѓаните ќе добијат еден час повеќе сон во ноќта меѓу сабота и недела.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потсетува дека оваа промена се спроведува секоја година, согласно одлуката на Владата донесена на 28 март 2025 година, со цел усогласување со европската регулатива и подобро искористување на дневната светлина и енергетска ефикасност.

Летното сметање во 2025 година започна на 30 март, кога часовниците беа поместени еден час нанапред, а сега на 26 октомври времето повторно се враќа еден час наназад.

Escape