ПРВ.мк
Македонија

Едно лице загина во страотна сообраќајна несреќа

Едно лице загина во страотна сообраќајна несреќа
Kristal

На 04.01.2026 година, околу 11:00 часот, во ОВР Крива Паланка беше пријавена сообраќајна несреќа на локалниот пат во село Дурачка Река, кај место викано „Мушкаричина бавча“.

83-годишниот К.М. од село Кошари, управувајќи мопед „Томос“, изгубил контрола и паднал на коловозот. Тој претрпел тешки телесни повреди и бил првично згрижено во Здравствениот дом Крива Паланка, а потоа итно пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што подоцна починал.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина за обдукција, а увид извршила екипа на ОВР Крива Паланка.

FixCredit
Escape