Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 11 до 22 степени, додека максималните дневни вредности насекаде ќе бидат високи и ќе достигнуваат од 32 до 39 степени.
Многу топло и сончево време со високи температури ќе се задржи и во Велес и околината, каде попладне исто така е можно зголемување на облачноста. Слично стабилно, сончево и топло време со мала до умерена облачност не очекува и во следните денови.










