До 13 часот во Кочани избирачкото право го искористиле точно 5.988 граѓани, покажуваат податоците од Општинската изборна комисија. Тоа претставува излезност од само 18,4 проценти, што е речиси идентично со одзивот од првиот круг на гласање.
Иако бројките изгледаат стабилно во споредба со претходниот круг, невообичаено ниската излезност во првите часови од денот отвора прашања – дали граѓаните се уморни од избори или нешто друго се случува во позадина?
Од Општинската изборна комисија информираат дека гласањето во вториот круг на Локалните избори во Кочани тече мирно, без пријавени инциденти или нерегуларности.
Во оваа општина денеска се гласа на 63 избирачки места, а вкупниот број на регистрирани граѓани со право на глас изнесува 32.503.
И покрај тоа што сè се одвива мирно, останува прашањето – дали до крајот на денот бројките ќе пораснат или Кочани ќе остане обвиен во изборна апатија?
















