Жителите на Гостивар по речиси еден месец повторно можат да ја користат водата од водоводната мрежа за пиење.
Според последните добиени резултати од анализите, водата е микробиолошки и бактериолошки исправна, со што се исполнети условите таа повторно да биде дозволена за употреба.
Информацијата попладнево ја соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, посочувајќи дека најновите испитувања покажале задоволителни резултати.
На граѓаните, сепак, им се препорачува пред првата употреба за пиење да ги отворат чешмите и да остават водата добро да истече.
Со ова завршува периодот во кој гостиварци не можеа да ја користат водата од градскиот водовод за пиење, а состојбата се враќа во нормала.









