ПРВ.мк
Македонија

Паника и хаос во СДСМ Делчево: Ќе останат ли без кандидат за градоначалник?

Паника и хаос во СДСМ Делчево: Ќе останат ли без кандидат за градоначалник?
Escape

Иако изборите се на прагот, СДСМ Делчево сè уште нема свој кандидат за градоначалник, а внатрепартиските поделби и катастрофалниот рејтинг ги доведоа до раб на колапс. Додека ВМРО-ДПМНЕ одамна го промовираше Иван Гоцевски, во СДСМ владее тишина, притисоци и хаос. Никој не сака да се нафати на невозможната мисија да го брани срамотен биланс на досегашното раководство, а актуелниот градоначалник Трајковски категорично одбива трета кандидатура.

Партијата е растргната од лобистички интереси, интриги и внатрешни расправии, а ни обидите на Венко Филипче и централата да најдат „резервен спасител“ меѓу поранешните независни кандидати не даваат резултати. На сето ова се надоврзува масовниот одлив на членови кон Движењето ЗНАМ, кое секојдневно добива на сила во Делчево.

Дали СДСМ ќе има свој играч на терен или ќе доживее историски пораз – останува да се види, но едно е сигурно: ова е најтешката политичка криза за партијата во Делчево досега.

Извор: bregalnicki.mk

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape