ПРВ.мк
Свет

Зеленски најави историска размена со Русија

Зеленски најави историска размена со Русија
Escape

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Украина и Русија работат на нова размена на заробеници, која ќе опфати околу 1.200 лица. Веста ја сподели преку Телеграм, додавајќи дека списокот со имиња сè уште е во подготовка.

Преговорите биле потврдени и од руската страна уште на 23 јули, за време на директна средба во Истанбул. Освен воени лица, Зеленски најави дека во размената ќе бидат вклучени и цивили.

По состанокот со главниот украински преговарач Рустем Умеров, тој истакна дека се подготвува уште една средба со руските претставници, но не откри детали за нејзиното време и место. Ова би можела да биде една од најголемите разменски операции досега од почетокот на конфликтот.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape