По години политички препреки, Германија конечно ја одобри продажбата на 40 борбени авиони „Eurofighter Typhoon“ на Турција – одлука која може да има големи геополитички последици за регионот на Источниот Медитеран.
Договорот е потпишан за време на Саемот за одбрана IDEF 2025 во Истанбул и предвидува 20 користени и 20 нови „Тајфуни“, опремени со напредни електронски и радарски системи. Авионите ќе бидат склопувани во Велика Британија, а германските делови ќе играат клучна улога.
Турција го забрза барањето за нови борбени авиони по суспензијата од програмата за F-35, откако купи руски С-400. Овој договор е резултат на променетиот однос на новата германска влада, која, за разлика од претходната, не ја блокира зделката од политички причини.
Грција внимателно ја следи ситуацијата. Иако е претходно информирана, Атина проценува дека оваа набавка нема драстично да ја смени воената рамнотежа, но ја засилува трката во вооружување меѓу двете ривалски земји во Егејот.
Со оваа аквизиција, Анкара прави голем чекор кон модернизација и засилување на својата воена независност, а „Eurofighter“ уште еднаш се наметнува како моќна алтернатива на сè поскапиот и покомплексен F-35.