Нов безбедносен инцидент ги зголеми тензиите меѓу НАТО и Русија: германските воздухопловни сили утринава активираа два борбени авиони „Јурофајтер“ поради руски извидувачки авион Ил-20М кој летал над Балтичкото Море – без транспондер и без поднесен летен план.
Руското летало полетало од Калињинград и било детектирано од НАТО радарите додека се приближувало кон меѓународниот воздушен простор на само 100 километри од германскиот брег.
По визулен контакт со германските авиони, рускиот авион го сменил правецот кон север, движејќи се покрај островот Узедом, но останал над меѓународни води.
Ова е само уште еден од серијата слични инциденти: во јули НАТО ловци реагирале три пати за една недела, а во мај – дури четири пати.
Со приклучувањето на Шведска и Финска кон НАТО, Балтичкото Море станува сè понестабилен регион, а милитаризираната руска енклава Калињинград само ја влошува ситуацијата.
Ask ChatGPT