ПРВ.мк
Македонија

ДВЕ ПОЛИЦИСКИ АКЦИИ ПРОТИВ ДРОГА ВО МАКЕДОНИЈА: Пронајдени марихуана и сомнителна бела материја – приведени две лица!

ДВЕ ПОЛИЦИСКИ АКЦИИ ПРОТИВ ДРОГА ВО МАКЕДОНИЈА: Пронајдени марихуана и сомнителна бела материја – приведени две лица!

Во две одвоени полициски акции спроведени на подрачјето на Тетово и Гостивар, полицијата привела две лица кај кои биле пронајдени наркотични средства, информираат од СВР Тетово.

Во првиот случај во Тетово, на 2 јули, полициски службеници го лишиле од слобода Б.А. (41), по извршен претрес во неговиот дом и помошни простории, спроведен врз основа на судска наредба. При претресот била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во вториот случај, истиот ден околу 18:15 часот во Гостивар, на улицата „Мајор Чеде Филиповски“, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ч.Ф. (54) од Гостивар. При преглед кај него била пронајдена бела грутчеста материја, која е одземена за понатамошна постапка.

И во двата случаи лицата се задржани во полициска станица, а по завршување на целосната истрага ќе следуваат соодветни поднесоци.

Најнови вести