ПРВ.мк
Македонија

ДРАМА ВО МАКЕДОНИЈА: По судир со возило следела хаотична брканица – автомобил завршил превртен на кров!

ДРАМА ВО МАКЕДОНИЈА: По судир со возило следела хаотична брканица – автомобил завршил превртен на кров!

Триесет и шестгодишен жител на Тетово пријавил во полиција дека бил учесник во сообраќајна ситуација која ескалирала во потера низ градот, по што неговото возило завршило превртено на кров.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 27 мај 2026 година околу 13:30 часот во СВР Тетово, Ф.И. (36) пријавил дека околу 05:30 часот на улицата „29 Ноември“ во Тетово се случил судир меѓу неговото возило „Пежо 607“ со тетовски регистарски ознаки и друго возило „Фолксваген голф“.

По судирот, како што стои во пријавата, другото возило започнало да го следи низ градските улици. Во текот на движењето, возачот забележал и службено полициско возило со вклучени ротациони светла на крстосница меѓу улиците „Видое Смилевски Бато“ и „29 Ноември“.

Плашејќи се, според сопствената изјава, не застанал, туку продолжил да се движи кон новиот пат за селото Порој, каде што изгубил контрола над возилото и се превртел на кров.

Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности под кои се случил инцидентот.