Инцидент со автобус на ЈСП е регистриран вчера во близина на скопското село Цветово, откако возачот забележал чад од предниот дел на возилото додека автобусот бил во движење.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен околу 15 часот во СВР Скопје од 59-годишниот Д.В. од Скопје.
Додека управувал со автобусот и се наоѓал пред влезот во селото Цветово, возачот забележал дека од предниот дел на возилото излегува чад.
Тој веднаш го запрел автобусот и со противпожарен апарат успеал да го изгасне пожарот, со што било спречено негово понатамошно ширење.
Во инцидентот нема повредени лица.
На местото на настанот пристигнала екипа на СВР Скопје, која извршила увид.







