ПРВ.мк
Македонија

Доаѓа силен студен бран и снег – еве кога ќе ја зафати Македонија

Доаѓа силен студен бран и снег – еве кога ќе ја зафати Македонија
Kristal

Оваа седмица Балканот, вклучително и Македонија, ќе биде погоден од ненормално топло време за декември. Метеоролозите најавуваат температури и до 10 степени, па дури и над 20°C, што е значително над просекот за овој период од годината.

Периодот ќе биде стабилен, сув и сончев, без врнежи. Причината за ова невообичаено затоплување е продор на топла воздушна маса од југ и формирање на антициклон кој ќе одржува висок воздушен притисок над регионот.

Сепак, во котлинските области се очекува магла и ниска облачност, која на одредени места може да се задржи цел ден, при што температурите ќе бидат пониски од оние на повисоките и отворени места.

По ова „лажно пролетно“ време, метеоролозите најавуваат драстична промена во третата декада на декември. Кон периодот од 27 до 30 декември се очекува пристигнување на силен студен бран кој може да ја означи почетокот на вистинската зима, со пониски температури и можни врнежи од снег.

FixCredit
Atensa 300
Escape