Струмичанец се здоби со тешки повреди откако возилото што го управувал излетало од регионалниот пат Кавадарци-Неготино, во близина на кавадаречкото село Марена.
Според СВР Велес, несреќата се случила вчера околу 10:50 часот. С.А. (46) од Струмица управувал патничко возило „гели“ со скопски регистарски ознаки кога излетал надвор од коловозот.
Повредениот веднаш бил пренесен во Општа болница Кавадарци, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот е извршен увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.
















