ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј. Е. (51) од Кочани, директорка на ЈОУ-детска градинка „Павлина Велјанова“, за сомнение за „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Таа, преку приватна агенција, ангажирала лице на работно место негувател од 1 декември 2024 до 15 мај 2025, иако лицето немало важечка лиценца. Со тоа, пријавената овозможила стекнување имотна корист од 164.824 денари.
Случајот е пред МВР и обвинителството за понатамошно постапување.

















