ПРВ.мк
Свет

Лавров откри кој е единствениот лидер што навистина ја разбира Русија!

Лавров откри кој е единствениот лидер што навистина ја разбира Русија!
Kristal

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денес ги изненади сите со својата изјава: според него, единствениот западен лидер кој навистина ја разбира позицијата на Русија е… Доналд Трамп!

Лавров истакна дека додека Трамп покажува разбирање за Москва во врска со Украина, другите западни лидери, вклучително и оние од Европската Унија и Велика Британија, се „во безнадежно политичко слепило“. Тој тврди дека овие земји се зафатени со илузијата дека можат да ја надминат Русија, и дека нивните потези често ја комплицираат ситуацијата наместо да ја решат.

„Трамп е единствениот западен лидер кој ја разбира нашата позиција“, рече Лавров, додавајќи дека Русија нема намера да војува со Европа. Но, тој потенцираше дека Москва е целосно подготвена да одговори доколку во Украина бидат распоредени странски војници или бидат преземени непријателски чекори.

Станува јасно дека Лавров сака да испрати силна порака – Русија не се заканува без причина, но нема да остане пасивна. Дали ова значи дека Трамп има реална шанса да го „помири“ Западот и Русија?

FixCredit
Atensa 300
Escape