ПРВ.мк
Македонија

ДИК: Избрани градоначалници во 43 општини, во 33 следува втор круг, во 4 прегласување

ДИК: Избрани градоначалници во 43 општини, во 33 следува втор круг, во 4 прегласување

Државната изборна комисија (ДИК) ги објави првичните официјални резултати од првиот круг на осмите локални избори во Северна Македонија, одржани на 20 октомври 2025 година.

Според податоците, во првиот круг се избрани градоначалници во 43 општини, додека во 33 општини ќе се оди во втор круг. Во четири општини  Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа – ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус, односно излезност под една третина од запишаните гласачи.

Излезност под 50 проценти

Вкупната излезност на изборите изнесува 46,63%, што е најниска досега за локални избори во земјава. Според ДИК, гласале 854.620 граѓани.

Во вториот круг, кој ќе се одржи по две недели, не се применува цензус – победник ќе биде кандидатот со повеќе освоени гласови, без оглед на излезноста.

Победа во Охрид, втор мандат за Пецаков

Во Охрид, градоначалникот Кирил Пецаков, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, освои втор мандат со 16.565 гласови (63,91%), пред кандидатот на СДСМ д-р Асен Шајн, кој доби 6.151 глас.

На изборите за совет во Охрид, ВМРО-ДПМНЕ освои 13 советници, СДСМ 5, Движењето ЗНАМ 2, а по еден мандат добија Левица, Демократската партија на Турците и независниот кандидат Рушан Хода.

Escape