На велика среда, градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, информираше дека присуствувал на велигденскиот посен ручек организиран од премиерот д-р Христијан Мицкоски.

Костовски посочи дека за него било посебна чест да биде дел од настанот, упатувајќи празнична честитка до верниците со порака „За многу години, христијани!“.











