ПРВ.мк
Македонија

ЧЕТИРИ СЛУЧАИ ЗА ПОМАЛКУ ОД 24 ЧАСА: Tепачки меѓу сопрузи и сопруги, но и меѓу мајка и ќерка!

ЧЕТИРИ СЛУЧАИ ЗА ПОМАЛКУ ОД 24 ЧАСА: Tепачки меѓу сопрузи и сопруги, но и меѓу мајка и ќерка!

Повеќе случаи на семејно насилство и нарушени семејни односи се евидентирани во полицискиот билтен во последните 24 часа, при што во четири од случаите пријавени се физички напади или закани во Скопје. Одделен случај е регистриран и во Ранковце, каде што сопруг е приведен по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга.

Во текот на ноќта, околу 2:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ранковце го лишиле од слобода 41-годишниот Б.М., жител на село во општина Ранковце. Според пријавеното, тој физички ја нападнал својата 41-годишна сопруга.

Мажот бил приведен во полициска станица, а по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во Скопје, пак, на 13 септември во 12:30 часот, 43-годишна жена пријавила во СВР Скопје дека нејзиниот поранешен партнер, 60-годишниот М.К., упатувал закани кон неа и членовите на нејзиното семејство. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден, во 11:30 часот, 26-годишна жена пријавила дека два дена претходно, односно на 11 септември, во нејзиниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзината 56-годишна мајка С.З. Според пријавата, нападот бил извршен со тврд предмет. И во овој случај полицијата презема мерки за утврдување на сите околности.

Подоцна, на 13 септември во 22:00 часот, 41-годишен маж пријавил дека во својот дом на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од неговата 42-годишна сопруга Ј.З.П. СВР Скопје работи на расчистување на пријавениот случај.

Последниот случај од полицискиот билтен е регистриран во раните утрински часови на 14 септември. Околу 04:00 часот, 44-годишна жена пријавила дека претходниот ден, во својот дом на подрачјето на Бит Пазар, била физички нападната од нејзиниот 61-годишен сопруг Н.Н.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување и на овој случај.

Најнови вести