ПРВ.мк
Македонија

(ФОТО) Куќа во Којник изгоре целосно, никој не е повреден - Брза реакција на пожарникарите спречи трагедија

(ФОТО) Куќа во Којник изгоре целосно, никој не е повреден - Брза реакција на пожарникарите спречи трагедија

Попладнево, околу 16 часот, избувна пожар во куќа на улицата „Петар Дељан“ под месноста Којник. Благодарение на навремената и брза реакција на пожарникарите, спречена е вистинска трагедија.

Иако пристапот до местото бил отежнат поради тесните сокачиња и стрмниот терен, екипите на противпожарната единица успеале навремено да стигнат со три противпожарни возила и да го локализираат пожарот. На терен со пожарникарите беше и командирот на противпожарната единица, Димче Јованов.

Куќата, чиј покрив бил од трска, целосно е уништена во огнената стихија, заедно со целиот покуќнински инвентар.

Во пожарот, за среќа, нема настрадани лица. Причините за неговото настанување засега не се познати, а истрагата е во тек.

Escape