ПРВ.мк
Македонија

БРУТАЛНО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Син ја претепал мајка си - интервенирала полицијата!

БРУТАЛНО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Син ја претепал мајка си - интервенирала полицијата!

Полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода 38-годишниот Р.С. од тетовско село, откако бил пријавен за физички напад врз неговата мајка.

Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен на 31 мај 2026 година околу 13:45 часот, кога 56-годишната жена пријавила дека по кратка расправија била физички нападната од нејзиниот син.

По пријавата, полицијата презела мерки и лицето било приведено.

Од надлежните институции информираат дека по целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести