Во Чаир се случил сериозен инцидент, откако малолетник бил физички нападнат во кругот на основно училиште.
Според информациите од Министерство за внатрешни работи, случајот бил пријавен синоќа во 19:00 часот во СВР Скопје од страна на 47-годишен жител на Скопје.
Тој пријавил дека околу 13:30 часот, неговиот малолетен син бил нападнат од неколку малолетници од друго училиште додека се наоѓал во училишниот двор.
Според пријавата, станува збор за физички напад, по кој напаѓачите се оддалечиле од местото на настанот, оставајќи го малолетникот повреден.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за идентификација на напаѓачите и целосно расчистување на случајот, додека јавноста е вознемирена од уште еден случај на врсничко насилство во образовна установа.








