Сериозен инцидент со употреба на нож се случи вчера во Кичево, а полицијата брзо интервенираше и лиши од слобода двајца мажи.
Според информации од МВР, околу 13:30 часот, кај месноста „Сеферов бунар“ во близина на селото Трапчин дол, по претходна расправија, А.А. (45) и Ј.Д. (36), двајцата од Кичево, го нападнале Б.А. (38) од истиот град и му нанеле убодни рани со нож.
Повредениот веднаш бил пренесен во болницата во Кичево, а поради сериозноста на повредите, бил итно префрлен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје за понатамошна медицинска интервенција.
При претресите на домовите на осомничените, полицијата пронашла ножеви, а кај Ј.Д. бил откриен шприц со течна кафеава материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Јавниот обвинител е известен за случајот, а по целосното документирање, против двајцата мажи ќе биде поднесена кривична пријава за напад со опасен предмет.
МВР апелира до граѓаните за воздржаност и соработка при пријавување на насилни инциденти, со цел одржување на јавната безбедност.
















