36-годишен жител на Тетово се соочува со кривична пријава откако полицијата во негов локал пронашла и одзела речиси 3.000 парчиња пиротехнички средства.
Од СВР Тетово информираа дека против Џ.Ј. е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Според полицијата, при контрола извршена на 1 јуни 2025 година во локал во Тетово, биле пронајдени и одземени вкупно 2.916 парчиња пиротехнички средства.
По целосното документирање на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична пријава.







