ПРВ.мк
Македонија

Полицијата пресече див такси превоз: Шестмина ќе одговараат кривично

Полицијата пресече див такси превоз: Шестмина ќе одговараат кривично

Полициски службеници од СВР Тетово вчера спроведоа акциска контрола насочена кон откривање и санкционирање на лица кои вршат јавен превоз на патници без соодветна лиценца. Акцијата се реализирала во периодот од 11:00 до 13:30 часот на повеќе локации во Тетово.

При контрола на улицата „Илинденска“, полицијата запрела патничко возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од К.И. (67) од селото Камењане. Утврдено било дека возачот вршел јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.

Дополнително, на улицата „Маршал Тито“ биле затекнати уште пет лица кои вршеле нелегален превоз на патници. Станува збор за Х.К. (48) од Тетово, кој управувал возило „фолксваген туран“, Е.М. (49) од Тетово со возило „фолксваген голф“, Б.Р. (71) од селото Брвеница со возило „хјундаи“, А.Д. (22) од селото Фалише со возило „мерцедес“, како и Ф.Б. (51) од селото Џепчиште, кој управувал „голф“. Сите возила биле со тетовски регистарски таблички, а кај ниту еден од возачите не била приложена важечка лиценца за јавен превоз.

По целосно документирање на настаните, против сите шест лица ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно член 284-а од Кривичниот законик.

Најнови вести