Пред само еден ден, на нашиот инстаграм профил на Прв.мк ни пристигна порака од една загрижена жителка на Кисела Вода. Таа ни раскажа дека веќе два дена комуналната хигиена собира ѓубре, но при тоа остава нечистотија и течност од отпадот која се разлеала по улиците – ширејќи неподнослив мирис пред голем број згради во тој дел од општината. Луѓето не можеле ниту да излезат во своите дворови, бидејќи воздухот бил загаден и неподнослив.

Ние веднаш ја споделивме нејзината реакција на нашето Instagram story, со фотографии од локацијата и го тагнавме градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Само еден час подоцна, добивме нови фотографии – улицата целосно исчистена, отпадот собран, а просторот испран!

Граѓанката ни напиша:
„Одлично! Се изненадив што реагираа толку брзо. Се може кога ќе се дигне малку глас. Фала ви и на вас што споделивте – ептен!“

Оваа приказна уште еднаш покажа дека кога граѓаните зборуваат, институциите слушаат. Голема благодарност до градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и екипата на Комунална хигиена за брзата реакција и за тоа што покажаа дека може да се делува веднаш кога има волја.














