стакнуваат дека случајот мора да се истражи до крај, со цел да се утврди како дошло до наводното бегство на волците, како и дали постојат системски пропусти во одржувањето и обезбедувањето на објектите. Тие повикуваат и на утврдување одговорност за сите инволвирани лица, без разлика на нивната функција, како и воведување мораториум за размножување и внесување нови животни сè додека не се исполнат сите безбедносни стандарди.
Според активистите, сегашната состојба покажува сериозни слабости во инфраструктурата. Тие споделиле и видео материјал на кој, како што тврдат, се гледа како волците се обидуваат да излезат од импровизирано живеалиште, каде што дел од оградата изгледа оштетено и зајакнато со мрежа, што дополнително отвора прашања за нивото на безбедност.
Во својата реакција, од „Анима Мунди“ наведуваат дека ваквите услови не ги исполнуваат минималните стандарди за чување на диви животни и предупредуваат дека безбедноста не смее да зависи од импровизации или случајност. Тие потенцираат дека одговорноста не е само на актуелното раководство, туку дека состојбата, според нив, е резултат на подолгогодишни пропусти.
Според неофицијални информации пренесени во дел од медиумите, бели волци наводно ископале дупка под своето живеалиште, избегале и нападнале животни во други делови од зоолошката градина. По инцидентот, тие биле пронајдени и вратени во живеалиштето по неколкучасовна акција на вработените.
Од Зоолошката градина Скопје засега нема официјално соопштение за случајот. Не се познати ниту деталите околу тоа кога точно се случил инцидентот, дали во моментот имало посетители, како е обезбедено живеалиштето по настанот и каде моментално се наоѓаат животните.






