ПРВ.мк
Македонија

Алиу открива: Девојчето што почина во Тетово претходно било лекувано во приватна клиника

Алиу открива: Девојчето што почина во Тетово претходно било лекувано во приватна клиника

Министерот за здравство, Азиу Алиу, соопшти дека седумгодишното девојче кое почина во Клиничката болница во Тетово, еден ден претходно било третирано во приватна здравствена установа.

„Побаравме од Државниот санитарен инспекторат да изврши контрола во приватната установа и веќе имаме официјален наод. Утре ќе формираме експертска група која од клиничка гледна точка ќе го анализира целиот процес на лекување“, изјави Алиу во вечерната емисија „Топ Тема“.

Министерот истакна дека според патоказот за лекување, терапијата на девојчето била во согласност со пропишаните правила, но нагласи дека се потребни дополнителни проверки и се чекаат резултатите од обдукцијата.

„Она што досега го видов оставa простор за понатамошно следење на процесот. Сè уште е рано да се излезе со конечни детали без дополнителна анализа од наша експертска група“, додаде Алиу, потенцирајќи дека деталната истрага ќе даде точна слика за сите околности што довеле до трагичниот исход.

Escape