Вчера попладне, околу 16:40 часот, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил донесен 61-годишниот М.А.О. од Република Турција со тешки телесни повреди. Повредениот бил донесен со приватно возило, но лицето кое го превезло веднаш заминало од местото, оставајќи го во тешка состојба.
И покрај напорите на лекарите, мажот подлегнал на повредите околу 19:30 часот, по што била констатирана смрт.
По насоки на јавниот обвинител, телото е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и за откривање на околностите под кои дошло до трагичниот настан.